Во текот на денешниот ден околу 12.00 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021.
„Сите биле затекнати во добра здравствена состојба. Со возила на граничната полиција и на противпожарната единица тие биле однесени во Прилеп од каде заминале во своите домови во Кавадарци“, соопшти МВР.
Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021. Сите биле затекнати во добра здравствена состојба.
Можеби ќе ве интересира: