Поради коронавирусот се зголеми смртноста во Македонија

Korona Makedonija

Зголемена е смртноста во државава, а поголем е бројот на починати мажи во земјава во однос на жените. Коронавирусот ја зголеми смртноста во Македонија, а само во ноември починале 3.847 луѓе.

Zito akcija 640x289px

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.4 % на 100 умрени лица.

Agria

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите (шифра C00-D48) со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност.

Во Велес починати се вкупно 709 лица, од кои 399 биле мажи, а 310 се жени. Вкупно 316 лица починале во здравствена установа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21630/sankczionirani-43-motocziklisti-na-podrachjeto-na-svr-veles/