Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19 од:
Скопје – 154, Bитола и Прилеп по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден заразен од Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 16 починати лица:
4 починати лица од Скопје (42, 54, 64 и 80 години), по две починати лица од Битола (33 и 86 години), Штип (62 и 78 години) и Кочани (55 и 82 години) по едно починато лице од Прилеп (74), Охрид (86), Велес (80), Крива Паланка (77), Богданци (58) и Демир Хисар (83). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30 ноември. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63 години, невакцинирано и починато во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 376 оздравени пациенти од:
Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци по 5, Виница и Пробиштип по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица по 2 и по еден оздравен од Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево.
Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.
Според епидемиолошките анкети во моментов, активни случаи со коронавирусот во Велес изнесува 327 лица.
Moжеби ќе ве интересира: