Спасовски: Денеска можеме да бидеме горди!

Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, ваква согласност постигна Советот за општи работи на ЕУ, рече премиерот Оливер Спасовски, на прес конференцијата во Владата.

Zito akcija 640x289px

Напредокот на Македонија го верификуваа сите членки на Европската Унија.

Agria
Oliver Spasovski 24.03.2020

„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции. Собранието, владата и судството да ги спроведат реформите кои ги поставивме како цел уште во 2017 година“, рече Спасовски.

Тој додаде дека дополнително, по барање на Европскиот совет, владата ги покрена сите механизми да го завтори реформскиот процес во четири главни области – судството и владеење на правото, реформа на разузнавачките служби, реформа во јавната администрација и борбата против криминалот и корупцијата.

„Постигнавме завидни резултати во сите од овие области, а тоа беше секоја година верификувано во извештаите на ЕК и со резолуциите на Европскиот парламент. Од денес тоа едногласно го верификуваат и државите – членки во Европската унија“, изјави Спасовски.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство со Бугарија немаше да го постигнеме ова.

„Денеска може да бидеме горди. Нашата перспектива е во Евопската Унија. Тоа е точка од која враќање нема. Стануваме држава која почнува да преговара за членство во ЕУ. Ова е повеќе од заслужен успех, ова е признание кое требаше да го добиеме и порано. Благодариме што ни ја дадовте шансата да преговараме за членство во Европската Унија“, рече премиерот Оливер Спасовски.

Тој порача дека сега треба да се вратиме на борбата против корона вирусот и за тоа очекува помош од ЕУ.

Целата прес конференција на премиерот Оливер Спасовски, на која се обратија и министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, можете да ја погледнете тука: