Во ковид статистиката регистриран починат 34 годишен велешанец

Veles kombe kovid maj 2021
Veles kombe kovid maj 2021

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани два нови случаи на ковид-19, а оздравени се регистрирани 17 пациенти. Едно лице на 34 годишна возраст е починат . Бројот на активни случаи во Велес е 495.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во:
Скопје – 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Agria

Регистрирани се 403 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29.03-10.04.2021.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: