Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера во близина на бензинската пумпа на магистралниот пат Овче Поле – Велес, кај местото Делисиска Пруга, од слобода е лишено лицето Љ.А. (26) од Скопје во чие возило „порше-каен“ со скопски регистарски ознаки се откриени 12 мигранти од Бангладеш.
Мигрантите од Бангладеш се сместени во кампот „Винојуг“ за понатамошна постапка, додека против шверцерот на мигранти од Скопје, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветена кривична пријава.
Можеби ќе ве интересира: