
На денешната владини седница Владата донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија во Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од оваа држава во рок 14 дена.
На средината на месецов здравствените власти на Велика Британија соопштија дека е откриена нова варијанта на коронавирусот, која многу брзо се шири. По оваа информација, многу европски држави го прекинаа сообраќајот со Велика Британија, а кај нас беше воведена забрана за авионски летови.
Според тогашната влдина одлука, забраната требаше да важи до 31 декември.
Компанијата „Визер“ има редовна авионска линија на релација Скопје-Лондон-Скопје.
Можеби ќе ве интересира:
