Во склоп на 5 тиот Меѓународен салон на стрип во Ваљево, соседна Србија од пристигнати дела од 10 земји жирито во состав Зоран Стефановиќ , управник на центарот за стрип уметност од Белград и уметниците Миливој Костиќ и Радомир Илиќ едногласно ги прогласија најдобрите. Меѓу нив традиционално забележително место имаат и македонските автори.
„Веке четврта година непосредно и директно сум задолжен за соработката со пријателите од Ваљево, организирајки го масовното учество на стрип автори од Македонија. Впрочем , пред две години бев специјален гостин како селектор и промотер на стрип изложбата на македонски автори“, изјави Томе Трајков од Стрип центар на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Развојот на македонскиот стрип се потврди и оваа година со добивањето на наградите за Општествен ангажман на доајенот Тоде Блажевски за карикатуралниот стрип „СРЕЌА“. За овој стрип е добитник на награда за највозрасен учесник на меѓународнииот стрип фестивал „ ВЕЛЕС 2021“. Најдобар млад автор на Анастасија Зафировска за стрипот “CRASH LANDING”. Анастасија Зафировска е илустраторка и стрип автор од Скопје. Инспирирана e од приказните, природата, фолклорот и детските игри. Преку илустрациите и приказните сака да ја улови магијата што ја гледала секогаш во детството.
Содржината продолжува под рекламата
Специјална награда на Центарот за стрип од Белград ја доби и Катерина Николовска во тандем со сценаристот Дејан Богојевиќ од Србија за стрипот ПРЕМИН ОД СЕНКИ. Исто како и лани , Стрип центарот на Македонија со седиште Велес доби специјална награда за педагошка работа.
Инаку гран прито на Петтиот Ваљевски стрип фестивал го добија Владимир Кузманов и Денис Немеш за стрипот„ЛУК И ВОДА“ а првата награда ја доби реномираниот автор Дарко Мацан за стрипот — „Why worry?!“
Можеби ќе ве интересира: