Од 25 до 27.06 во Лесковац , соседна Србија ќе се организира традиционалната 23 Балканска смотра на млади стрип автори, една од најреномираните и највлијателни вакви манифестации на
Балканот и пошироко .
Годинава оваа смотра се одвива во склоп на проектот CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS- финансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА’- подпрограма за култура на Европската унија.Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на
историјата во округот Брашов-Романија, а освен училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“ од Лесковац ,во истиот се вклучени Стрип центар на Македонија -седиште Велес , Белгискиот стрип центар од Брисел и Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија.
Како што веке објавивме порано -вели Томе Трајков, програм координатор во СЦМ..-овој проект тежи кон вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот( во овој случај националната историја). На смотрата во Лесковац освен персоналот на Стрип центарот од Велес ќе присуствуваат и македонските стрип автори : реномираниот мајстор Ласко Џуровски , брачниот пар Емилија и Стојче Тоциновски од Студиото за цртање ФАНТАСТ од Скопје. , како и младата надеж Томи Џуровски. Сите тие ќе присуствуваат на бројни презентации,дебати , изложби а неизоставно е и прогласување на најдобрите по традиционалниот објавен конкурс.
“Балканската стрип смотра има големо значење за македонскиот стрип бидејки ова е традиционално место за широки мегународни контакти. Од Лесковац секојпат има доста пријавени на традиционалниот стрип конкурс дел од стрип салонот во Велес , и обратно, македонските стрип автори со задоволство учествуваат на конкурсот во Лесковац.Впрочем ,само СЦМ Велес за оваа година мобилизираше 42 ,претежно млади , автори од повеке градови на
нашата држава .Во овој момент, во исчекување сме на резултатите “ изјави Трајков.
Можеби ќе ве интересира: