Македонските граѓани и викендов масовно се вакцинираа во соседна Србија

vranje

Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи, јави дописникот на МИА од Белград.

Zito akcija 640x289px

Извештајот на Здравствениот дом во Врање, покажува дека во саботата, на 12 јуни бројот на вакцинирани македонци е 581, а во неделата се вакцинирале е 391 граѓанин на нашата земја.

Agria

Според Д-р Слаѓан Младеновиќ, досега 4502 македонци се вакцинирани во Врање, кој додаде дека граѓаните на Македонија кои ја примиле првата доза во Ниш, Белград или некој друг град, нема да можат да се ревакцинираат во Врање, туку во градот каде што ја примиле првата доза.

Според „Јужни вести“, македонските граѓани во помал број доаѓаат и во Ниш и Сурдулица, каде во салата „Чаир“ од 8 до 20 часот дневно се вакцинираат околу 100 македонски граѓани, со вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Од Здравствениот центар во Ниш наведуваат дека поголема гужва се очекува од 18 до 21 јуни, кога е терминот за повторна вакцинација на 5700 македонските граѓани кои во март во Србија ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21508/novo-poskapuvane-na-gorivata-2/