Македонскиот кајак тим, предводен од Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов , членови на К.К.К Арка-Борец од Велес, денес ги имаа натпреварите во класичен спринт на меѓународниот кајарски натпревар во Кина.
Содржината продолжува под рекламата
Поради различноста во чамците, натпреварувачите беа поделени во две групи. Во првата група Александар Златаров го освои 13 место со заостанување зад водечкиот Жан Морис Ребул од Франција, од две секунди.
Содржината продолжува под рекламата
Во втората група Благој Гугинов со заостанување зад лидерот Жао Женгчао од 4 секунди го освои 15 место, додека Кристијан Лазаров го освои 18 место. За македонските кајакари останува уште најатрактивната трка позната како “Tiger jump” која е планира да се оддржи на 1ви Јануар 2024 година.
Можеби ќе ве интересира: