
Европската куќа на фудбалот потврди дека европското првенство ова лето ќе се игра со присуство на публиката.
Во овој момент дури осум градови домаќини потврдија дека ќе ги отворат вратите за фудбалските фанови. Некои ќе дозволат стадионот да бидат исполнети до 25%, а има и такви каде што трибините ќе бидат исполнети до последно место.
Санкт Петербург, Будимпешта, Копенхаген, Лондон и Глазгов потврдија минимален капацитет од 25 отсто гледачи, а Будимпешта е единствениот град што планира да има 100 отсто гледачи. Од друга страна, Минхен, Рим, Билбао и Даблин имаат краен рок до 19 април да дадат дополнителни информации пред носењето на конечната одлука.
„УЕФА со задоволство објавува враќање на гледачите на фудбалските натпревари на Евро 2020 и во исто време изразува благодарност до членките и националните и локалните власти за подготовките за безбедно враќање. Осум од земјите потврдија одреден капацитет со процена за одобрената ситуација. Преостанатите четири града имаат до 19 април да дадат дополнителни планови“, се вели во објавата на УЕФА.
Тие, сепак, имаат порака за оние што ќе тргнат на натпреварите.
„Фановите што ќе сакаат да патуваат за да ги гледаат натпреварите на своите репрезентации ќе се соочат со предизвикот на ограничувањата во секоја земја. Ќе мора да се почитуваат локалните власти, кои нема да прават исклучоци за оние што имаат билети“, се додава во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: