Малите партии со предлог за една изборна единица, премиерот Зоран Заев со поддршка

sobranie-

Пратениците од Левица, Деморатски сојуз, ЛДП, ВМРО-НП како и пратеникот Панчо Минов денеска до Собранието на РСМ поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Северна Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Zito akcija 640x289px

„Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема изборен праг, и пресметката на пратеници дасе  одвива преку Донтовиот количник, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз“, рече Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз.

Agria

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржеле без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори, и дека тоа е нивно изборно ветување. Тој вели со ова губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата.

Сепак Заев повтори дека услов за носење на измените на изборниот законик е и консензусот од сите партии. Очекува поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ред е да седнат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат со свој став и ако направат подобри проценки, калкулации, верувам дека можат да изградат и позитивен став. Секако тоа останува на нив. И ДУИ се крши, не знаат дали да прифати, дали не, но дефинитивно верувам дека на крајот сите имае должност за демократијата да направиме еден исчекор повеќе и сега тоа го носиме за изборите 2024“, рече премиерот Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно имаше сигнали дека би разговарале за евентуална поддршка за една изборна единица, додека во ДУИ нема јасен став за ова прашање.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19008/obvinetiot-za-ubistvoto-na-martin-neshkovski-koj-beshe-faten-vo-bugarija-e-ekstradiran-vo-zatvorot-vo-idrizovo/