Фудбалерите на Превалец веќе дваесетина дена се во тренажен процес, подготвувајќи се за новата сезона во Третата фудбалска лига. Екипата воглавно останува иста, со неколку нови млади играчи, кои го засилија клубот.
Содржината продолжува под рекламата
Поради користење на летни одмори намален е бројот на присутни фудбалери на тренинзите, но сепак доаѓаат во доволен број за да се реализираат успешно предвидените активности. Се тренира четири пати во неделата на фудбалскиот терен во Превалец кој е во одлична состојба, а за време на викендите предвидени се контролни натпревари.
Содржината продолжува под рекламата
„И оваа година 2023/2024 ФК Превалец на секој првенствен натпревар ќе се надигрува со противничките екипи и ќе се бори за остварување на повисок пласман на табелата. Нашата цел секогаш е да остваруваме добри игри и резултати и да бидеме екипа која е пласирана при врвот на првенствената табела“, изјави тренерот на Превалец, Димче Маневски.
Досега фудбалерите на Превалец одиграа два контролни натпревари на домашен терен, со ФК Росоман 2:2, и со ФК Слога (Виница) пораз од 2:3. За во сабота е предвиден уште еден контролен натпревар против Рудар од Пробиштип. Пред почетокот на сезоната највена за 10 септември, договрени се две гостувања, против Фортуна (Синѓелиќ) и Локомотива Градско.
„Што се однесува до играчкиот кадар ја информираме фудбалската јавност дека освен еден фудбалер кој замина во друг клуб, сите фудбалери од минатата сезона останаа во клубот и за претстојното првенство. Имаме нови двајца играчи на позиција напаѓач и голман. Ростерот на играчи со кој располага клубот е одличен. Здравствениот билтен е добар. Сите со голема желба и посветеност тренираат и се подготвуваат за првенството. Исто така и Управата на клубот е истата наназад 10 години. Сите сложно и со голем ентузијазам работиме посветено за да обезбедиме солидни услови за добро функционирање на клубот“, изјави тренерот на Превалец, Димче Маневски.
Од клубот упатија благодарност до сите правни и физички лица од општина Велес кои несебично помагаат за долгогодишното функционирање на клубот.
Можеби ќе ве интересира: