Продолжуваат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. Фудбалерите на Борец во среда со почеток од 13 часот ја пречекуваат екипата на Струга Трим Љум.
Младиот арбитар Маријан Младеновски ќе биде главен судија на натпреварот , а помошници ќе бидат Василевски Даниел и Ицковски Филип сите од Скопје.
Шкендија и Македонија ЃП ќе се судрат во дербито на колото во Тетово, а на центарот ќе стои Јован Качевски. Академија Пандев и Ренова ќе играат на теренот на Спортскиот центар „Пандев“, каде главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.
Работнички и Пелистер ќе се соочат на Арената „Тодор Проески“ во каде главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев, додека Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Беласица и главен арбитар е Игор Иванов од Велес.
Во Кратово, во дуелот на екипите со шампионски титули Силекс и Вардар, ќе ја дели правдата Александар Ставрев.
Можеби ќе ве интересира: