Марјан Стојановски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Борец и Шкупи

Marijan Stojanovski Sudija Kicevo

По минатонеделното одложување на натпреварите од Првата фидбалска лига на Македонија поради лошите временски услови, денес продолжува пролетниот дел.

Zito akcija 640x289px

Искусниот арбитар Марјан Стојановски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Борец и Шкупи. Лика Куштрим и Цветаноски Давор исто така од Кичево ќе му бидат помошници.

Agria

Крумислав Ѓорѓиев од Штип ќе означи почеток на натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров. Во Тетово на натпреварот Ренова – Беласица, главен судија ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци 

Дерби дуелот меѓу Вардар и Пелистер в недела попладне му е доверено на Александар Ставрев. Лидерот на табелата, тетовска Шкендија гостува во Кратово, а дуелот против домашниот Силекс му е доверен на Јован Качески од Струга. 

Екипите на Академија Пандев и Работнички веќе го одиграа својот натпревар минатата сабота. Скопјани ги собраа трите бода на замрзнатиот терен во Струмица победувајќи со 1 : 0.

Сите натпревари закажани се во терминот од 14:00 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: