Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, објави МИА. Потресениот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров, потврди за МИА дека се случила ваква трагедија, но не знаеше да каже детали за случајот. Тој изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Содржината продолжува под рекламата
Неофицијално, човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, кој бил на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија.
Содржината продолжува под рекламата
Се очекуваат детали од МВР и од Обвинителство во текот на денот.
Можеби ќе ве интересира: