Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои соновано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога.
Содржината продолжува под рекламата
Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.
Бидејќи постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложи да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.
Можеби ќе ве интересира: