Двата синдикати за задравство се договорија со претставниците на министерот Фатмир Меџити за зголемување на платата. Тие на денешната средба потпишаа анекс на колективниот договор и зголемување на платите.
Медицинските сестри ќе добијат 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство 2.000 денари.
Покачувањето ќе важи од март месец, а за официјализација се чека одобрувањето од министерство за финансии и министерот Фатмир Бесими.
Иако задоволни од денешниот договор, синдикатите велат дека и во наредниот период ќе продолжат со нивните нови барања, заради инфлацијата.
Можеби ќе ве интересира: