Во пресрет на Меѓународниот ден на жената од руралната средина кој се одбележува секоја
година на 15 октомври, денеска се одржа настан во винаријата Сопот во Велес, за истакнување
на клучната улога на жените во руралниот развој.
Содржината продолжува под рекламата
На настанот, организиран од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, се обрати г-ѓа
Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, која истакна дека зајакнувањето на жените од руралните средини е од суштинско значење за борбата против
климатските промени. Претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, г.
Петар Ѓоргиевски, додаде дека е потребна поголема вклученост на жените од руралните
средини во сите сфери на стопанството како и поактивно градење на нивниот претприемачки
дух.
Содржината продолжува под рекламата
За време на настанот претставници од институции, организации и жени од рурални средини
кои се членки на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија дискутираа за влијанието
на климатските промени во руралните средини, со акцент на жените. Професорката
Александра Мартиновска Стојческа од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и
Лиљана Јоноски од Рурална коалиција, презентираа добри практики и решенија за справување
со деструктивното влијание на климатските промени и егзистенцијалната ранливост на
руралните средини.
Целта на настанот беше обединување и подигнување на свеста на жените од руралните
средини за нивната клучна улога во локалните заедници и општеството. Преку инспиративни
приказни на жени претприемачки од рурални средини се истакна дека патот за овие жени е
трнлив, но тие гордо го чекорат и можат многу да придонесат за решавање на економските,
социјалните и еколошките проблеми. Овој настан продолжува како традиционална годишна
активност која ги спојува на едно место засегнатите страни за поголема вклученост на жените
во процесите за носење одлуки како и на пазарот на труд.
Настанот за одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина се
реализира со поддршка на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и
Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој
на Северна Македонија.
Можеби ќе ве интересира: