Меѓународна научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“

Aco 58 Racinovi

Во рамки на 58-то издание на Рацинови средби денеска се одржа меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Zito akcija 640x289px

Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а е поддржана од Министерството за култура, Општина Велес и театарот „Ј.Х.К. Џинот“.  На конференцијата, посветена на двајцата великани на македонската културна историја, со свои излагања учествуваа еминентни имиња од научната мисла за јазикот од земјава и од соседтсвото. Прв на конференцијата се обрати Градоначалникот Коцевски.

Agria

„Има толку многу мисли што Блаже Конески ги има изречено за Кочо Рацин. Јас ќе изрецититам само една дека името на Кочо Рацин е кратенка за сите нас, толку мудра, силна а воедно и кратка мисла  не верувам дека некој има изречено во чест на големината на Кочо Рацин. Ви посакувам плодна и успешна работа“, истакна Коцевски.

Пред присутните се обрати и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова Грујовска.

„Имам особена чест, по четврти пат да се обратам од тука, од овој театар, од мојот роден град во рамките на возобновената меѓународна конференција  што се одржува обновена по иницијатива на Градоначалникот Аце Коцевски во рамките на Рациновите средби, додаде Грујовска.

Потоа следуваше промоцијата на стручна и научна литература создадена помегу две Рацинови средби.

Во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во Ликовниот салон е отворена патувачката изложба под наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестринството на Конески, која можат да ја разгледаат сите заинтересирани граѓани на Велес и пошироко.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: