Во сабота на 8 октомври во слата „Гемиџии“ ќе се одржи меморијалниот турнир „Листон 2022“ во организација на Боречкиот клуб Борец. На турнирот ќе настапат Боречките клубови Борец, Балканец Штип, Лирија Скопје, Бучим Радовиш, Неготино, Вардар Скопје, Студеничани, 7Мај Прилеп, БК Киро Ристов, БККарбинци, Спартак Кочани,Тефејуз Скопје, и гости од соседните држави.
„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите љубители на борењето да дојдат да гледаат квалитетни борби од нашите надежни борачи. Борбите ќе започнат во 11 часот, а во 13 часот ќе имаме свечено отварање на турнирот по што ќе следат финалните борби по што ке следи доделување на медалите за најдобрите во своите категории“, изјави Игор Мицевски тренер на Боречкиот клуб Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Се очекува настап на преку 100 борачи кои ќе се борат во конкуренција на деца и пионери кои се припремаат за Балканското првенство кое ќе се одржи на крајот на Октомври во Романија.
Можеби ќе ве интересира: