Нема нови заразени од коронавирус, сите 22 тестови од синоќа се негативни

Ministerstvo za zdravstvo

Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата. Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Zito akcija 640x289px

Се очекува првата денешна прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче, на која ќе ги соопшти најновите информации поврзани со кризата со коронавирусот.

Agria

Министерот го објави следново на социјалните мрежи: Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата. Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје. Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.