Месечна стипендија од 3.500 денари ќе добијат средношколците од дуалните паралелки

Велешаните Бојан и Илија се на половина од средното образование. Но, веќе сега знаат што ќе биде нивна професија. Го одбрале дуалното образование и веќе две години, покрај училишните клупи, секојдневно се во фабричка хала, каде што го учат производниот процес.

Zito akcija 640x289px

„Фирмите ни покажуваат многу работи и ние така учиме. Имаме ментори и тие ни покажуваат што да работиме“, рече Илија Табаков, ученик во втора година во ССУ „Коле Неделковски“ – Велес.

Agria

„Дуалното образование ни овозможува полесно да го совладаме материјалот. Јас сум многу задоволен од дуалното образование“, додаде Бојан Крстевски, ученик во втора година во ССУ „Коле Неделковски“ – Велес.

Две велешки средни учичлишта веќе неколку години, преку дуалното образование, произведуваат готов кадар за реалниот сектор. ССУ Коле Неделковски и ССУ Димитрија Чуповски образуваат електричари, машински техничари, програмери, но и готвачи, месари и еколошки техничари.

„За месопреработувачи немавме голем одѕив. Без разлика колку ученици да се запишеа, фирмата АГРИА, со која имаме склучено договор, ги прифаќаше и практичната настава се одвиваше таму. Профилот „техничар за заштита на животна средина“ веќе ни е трета паралелка, а прв пат годинава ЈКП Дервен се одзва на нашиот повик за соработка и прифати учениците практичната настава да ја изведуваат таму“, рече Маја Хеско, директор на ССУ „Димитрија Чуповски“ – Велес.

Четири компании од Велес, Брако, Маркард, АГРИА и ЈКП Дервен веќе организираат пракса за овие ученици. Велат дека ваквиот систем на образование ќе ја зајакне домашната економија, а младите ќе ги задржи во земјата.

„Денес на бирото немаме ниту еден месар или месопреработувач, што значи дека струката е барана. Тоа ќе донесе во иднина да имаме кадри кои нема да зависат од системот и ќе има вработување на речиси сите од нив“, рече Томе Бабунски од месната индустрија АГРИА од Велес.

„Дејноста на ЈКП Дервен е блиску поврзана со екологијата, односно она што во иднина би моќел да го работи еден техничар за заштита на животната средина“, рече Тодорка Пeнкова Андреевска од ЈКП Дервен.

Неатрактивните профили, кои се квантитет и тешко доаѓаат до вработување ќе се укинуваат, на сметка на перспективните струки, вели велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

„Да не се дозволат паралелки во училиштата, пред се мислам на Економското училиште, кои ги има премногу во Агенцијата за вработување. Од тие причини, оваа година радикално го намаливме бројот на паралелки таму“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес

Новина во дуалното образование годинава е што учениците за својата работа, ќе добиваат и симболичен надомест.

„ Министерството за образование и наука и Владата понудија стипендии од 3.500 денари за оние кои што ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе постигнат резултати и оние кои што ќе се запишат во тригодишните струки, затоа што сметаме дека тие најлесно можат да се апсорбираат на пазарот на труди имаме голем дефицит од нив“, рече Мила Царовска, министерка за образование и наука

Младите средношколци Бојан и Илија иднината ја гледаат во својата земја. Една од причините за тоа е дуалното образование, кое им гарантира сигурно вработување, дури и по завршувањето на средното училиште.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20665/dali-ova-leto-ke-ima-svadbi/