Повеќе од половина од вкупниот број заразени со коронaвирус во Македонија се регистрирани од 1 јуни до денеска. Бројот на инфицирани од почекотот на месецот изнесува 2450, што е 53 проценти од вкупниот број регистрирани случаи кај нас, кој изнесува 4664.
Висока е и брајката на починати од коронавирус во тековниот месец. Точно 40 проценти од вкупниот број починати се регистрирани во јуни. Дури 85 пациенти овој месец ја загубиле битката со опасниот вирус, а досега во земјата од болеста починаа 216 граѓани.
Додека во земјава бројките растат, во Велес, Кавадарци и Неготино стагнираат
Вкупно 114 велешани во моментов се наоѓаат во изолација. Дел од нив се со решенија, а дел со изјави за самоизолација. Само изминатото деноноќие се регистрирани 16 граѓани на Велес кои се во карантин.
Од почетокот на епидемијата до сега, со коронавирус се инфицираа 156 велешани. 116 од нив го прележаа вирусот, 11 починаа, а во моментов 29 случај се водат како активни.
За разлика од Велес, во Кавадарци досега се заразија осум, а во Неготино девет граѓани. Петмина кавадарчани оздравеа, двајца се сеуште инфицирани, а во овој град почина едно лице, странски државјанин, кој времено престојувал во Кавадарци. Во моментов 22 граѓани се во изолација.
Од деветте заразени во Неготино, седуммина сеуште се лекуваат од коронавирус, а двајца оздравеа. Во овој град починати од вирусот нема, а во изолација се 31 граѓанин.
Поврзани вести: