Околу 80 проценти од граѓаните ги почитуваат мерките за спречување на ширењњето на коронавирусот. Останатите 20 отсто не ги почитуваат, поради што денес сме нивни жртви, рече невропсихијатарот Методи Чепреганов во отвореното студио на Телевизија 24.
„Тие 20 проценти не ги почитуваат мерките поради менталниот склоп. Ние сме жртви на тие 20 проценти, кои се однесуваат недицилинирано и со неодговорно и го загрозуваат сопственото и здравјето на нивните семејства и најблиски“, рече професор д-р Чепреганов.
Тој потенцираше дека инаетот и суетата со себе носат експерсија спрема надвор и сета завист, љубомора и злоба и со такви луѓе не може да се разговара. Во ваква состојба која е животозагрожувачка, ако некој не го признава тоа, тогаш таквите луѓе се противници кон сите околу себе, смета Чепреганов.
“Суетата и егото не ги оставаат дома. Со човек со хипертрофирано его, да се нема контакт, зошто таков живее од конфликти и за конфликит и ги прави конфликтите кои му се насочна храна” – вели невропсихијатарот Чепреганов.