Женската репрезентација на Македонија до 17 години го доби вториот натпревар во квалификацискиот турнир (Б лига) што ќе се одржува во Албанија. Со високи 3:0 ја порази репрезентацијата на Азебејџан, која важи за аутсајдер во групата 3.
Во составот на селекторот селекторот Катерина Милеска се и две фудбалерки на Борец. Овојпат Џенита Кицара не доби шанса на натпреварот, додека Миа Велинова доби 24 минути откако во 66 минута ја замени Настевска.
Содржината продолжува под рекламата
Македонија У17 својот последен натпревар во групата го играат на 14 март против репрезентацијата на Албанија, која е домаќин на овој турнир.
Можеби ќе ве интересира: