Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека треба што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.
„Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот“, рече Мицкоски.
Според него, оваа Влада јасно покажа дека не знае како, нема вештини и нема план како да ја води државата.
Можеби ќе ве интересира: