Денеска на среда со германската амбасадорка во Македонија Енке Холштајн. беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој на средбата рекол дека изборите не можат да се оценат за фер и демократски, бидејќи, како што истакнал, власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека, врз основа на добиената доверба од граѓаните, неговата партија и коалиција прават напори за формирање ново парламентарно мнозинство за да формираат Влада.
„Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“, посочил Христијан Мицкоски на средбата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира: