Мицкоски: Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ уставот нема да се смени

Две третини менуваат Устав. Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за бугарските барања да бидат дел од него, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протест.

Zito akcija 640x289px

„Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува ниту една точка“, рече Мицкоски.

Agria

Тој испрати порака и до официјална Софија дека со политиката кон Макдонија неповратно ги оддалечува нашите два народи.

„Бугарија треба да се извини за фашистичкото минато што го вршела врз овој народ, а не да ја ретушира историјата“, рече Мицкоски додавајќи дека тоа не се никакви европски вредности.

Според Мицкоски со т.н. француски предлог одиме во бугаризација, а во ЕУ можеби никогаш нема ни да влеземе.

„Одбиј го овој предлог, ние стоиме позади тебе, не го слушај менторот“ му порача на премиерот Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: