Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека до крајот на месецов ќе ги објави предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните избори. Оваа тема, меѓу другото, била отворена и на вчерашниот состанок на Извршниот комитет на партијата.
„Редовен состанок на Извршниот комитет. Имаше кадровски прашања. Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму оди на Централниот комитет“, рече Мицкоски.
Неофицијално, се дознава дека дел од актуелните градоначалници, како во Скопје така и во другите градови, нема да добијат поддршка за нов мандат.