Мицкоски: Не обединува заедничката мисла за подобар живот, за среќа и успешност која ја нема нашата земја

Мицкоски

Лидерот на опозицијата Христија Мицкоски упати честита до сите граѓани по повод денот на независноста на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Мицкоски во честитката по повод Денот на независноста, нагласувајќи дека и по 29 години  зборуваме за истите цели како во времето кога се создавала државата – Европска Унија, силна економија, сигурност.

Agria

„После 29 години зборуваме за истите цели како во времето кога се создаваше државата. Европска Унија, силна економија, сигурност итн. Тоа покажува дека тоа се вистинските вредности кон кои се стремиме, но фактот што не сме ги исполниле до сега покажува дека властите не успеваа во својата мисија. Во нашата татковина не има секакви, од повеќе етнички припадности и вери. Но, не обединува заедничката мисла за подобар живот, за среќа и успешност која ја нема нашата земја“, рече Мицкоски.

Тој оценува дека не ги исполнуваме целите на генерацијата која се изборила за независноста, затоа што „имаме држава со слаби институции, земја потопена со криминал и корупција, намачен и сиромашен народ. Мафија која управува со државата и сака да управува со животите на луѓето.

„Нашата генерација е тука и чекаме нова шанса. Македонија не успева затоа што на народот му треба пресвртница која ќе ги направи заедничките животи подобри и поуспешни“, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11880/dvaeset-i-devet-godini-nezavisnost-odbelezhuvaneto-pod-posebni-uslovi/