Италинаскиот клув Милан сериозно ја разгледува можноста за ангажирање на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тврди „Скај Италија“. Италијанскиот клуб планира наскоро да започне преговори со англискиот тим за да ја испитаат можноста за трансфер.
Иако Рашфорд не е во најдобра форма оваа сезона, неговите квалитети се неспорни. Со евентуален потпис, Милан би добил квалитетно засилување, кое може да го зголеми конкурентскиот потенцијал на тимот и да го постави клубот во позиција да се вклучи во борбата за титулата во Серија А.
Дополнително, Милан покажува интерес и за дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер. Меѓутоа, со оглед на ограничувањето за регистрирање само еден англиски играч во Серија А, приоритет за Милан останува Рашфорд.
Од друга страна, Борусија Дортмунд исто така го следи Рашфорд, но финансиските услови претставуваат потенцијален проблем за германскиот клуб.
Рашфорд, кој има 27 години, пропушти седум последователни натпревари за Манчестер Јунајтед, а менаџерот Рубен Аморим неодамна изјави дека не е сигурен дали напаѓачот ќе продолжи да биде дел од неговата екипа.
Во текот на својата кариера, Рашфорд е единствено член на Манчестер Јунајтед, за кој одигра 426 натпревари и постигна 138 голови, оставувајќи неизбришлив траг во историјата на клубот.