Ракометарите на Борец беа подобри од Риниа во Скопје со 36:22 во рамките од деветото коло од плеј-аутот групата во Првата машка лига.
Уште од самиот старт Борец ја имаше контролата над резултатот, кој од минута во минута само ја зголемуваа предноста. Ракометарите на Риниа никако не можеа да фатат приклучок и заостануваа осум гола разлика, 10:18 на полувреме.
Ракометарот на Борец, Миленков имаше своја голеада на овој натпревар, пстигна дури 13 погодоци, а бројката можеше да биде и многу поголема. Само во првиот дел постигна шест погодоци.
Најдобри во составот на Борец покрај Кирил Миленков со 13, се истакнаа и Ристовски Александар со пет и Димовски Стефан со четири гола. Во составот на Риниа солидна партија имаше Исмаили со девет гола, и Митревски со осум. Следното коло се игра на 19 Мај кога ќе гостува екипата на Кичево.
Можеби ќе ве интересира: