Министерката за образование на вишокот наставници ќе им понуди вработување во Бирото за развој на образованието и други просветни институции

post-covid uciliste
post-covid uciliste

На наставниците што ќе бидат вишок по спојувањето на учениците во паралелки од дваесет ученици, наместо како досега во паралелки од само неколку ученици, ќе им биде дадена можност да бидат ангажирани во додатна и дополнителна настава во училиштата, но ќе им биде понудено и да се вработат во просветните институции, кои кубурат со кадар. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека во 10 општини успешно е направена оптимизација, со која малите паралелки се споени со оние во централните училишта со цел сите учениците да добијат еднакви услови за образование, а во следниот период тоа ќе се направи во уште 20 општини.

Zito akcija 640x289px

„Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од 10, 15 ученици, туку ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот, кој е вишок, ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата на училиштето која опфаќа многу додатни предмети, изборни, воннаставни активности, други наставни активности, работа со деца што имаат тешкотии во учењето, работа со талентирани деца, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи. Идејата е дека целиот пул на наставници треба да го искористиме за учениците да постигнат подобри знаења. Дополнително, познато е дека одредени институции во државата се со слаби човечки капацитети. Јас ќе ги набројам Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и Центарот за средно стручно образование, кои имаат потреба од искусни, сериозни луѓе. Откога ќе направиме мали измени во законите, ќе им понудиме на наставниците да се префрлат во овие институции за да може да дадат свој импакт во образованието “, рече денес министерката Јаневска.

Agria

Со спојувањето на паралелките министерката Јаневска смета дека учениците ќе добијат подобри услови за учење, ќе имаат поголем број наставници, ќе се социјализираат со врсниците, а во исто време ќе се намалат трошоците за одржување на училиштата. Очекува резултатите што ќе ги постигнуваат да бидат исти со оние што ги постигнуваат учениците во Европската Унија.

Македонските ученици учат 900 часа помалку од просекотвели претставничката на УНИЦЕФ

Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, кој е партнер во спроведувањето на проектот за оптимизација на училиштата, вели дека има повеќе причини за слабите резултати на македонските ученици.

„Како што сите знаете, во Северна Македонија има криза во учењето со слаби резултати на учениците според последното ПИСА-оценување, односно над две третини од учениците имаат слаби резултати во читање, математика и во науки. Има многу причини за ова. Една од важните причини е тоа што учениците поминуваат малку часови во учење. Во основните училишта овде учениците имаат 900 часа помалку учење отколку ОЕЦД-просекот“, рече Милер и нагласи дека реформи се неопходни и поради тоа што образовниот систем не го следи темпото на демографските промени.

Целта на реформите е да се подобри квалитетот на образованието еднакво и за оние во урбаните средини, но и за оние ученици од руралните средини, кои имаат само еден или двајца соученици

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: