Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети повредениот полицаец откако синоќа заедно со неговите колеги беше нападнат од група дрвокрадци на еден километар од велешкото село Степанци.
„Заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетивме нашиот колега во клиничкиот центар во Скопје и се надеваме дека тој и другите четворица колеги што побрзо ќе закрепнат и повторно ќе се вратат да им служат на граѓаните„, напиша министерот Спасовски на фејсбук.
Инаку во вчерашниот инцидент потешко повреден е и 51-годишен полицаец, кој има повредна на стомак и е задржан во велешката болница. Останатите тројца полицајци се со полесни повреди. Полицијата синоќа приведе четворица од напаѓачите, кои преку планината Мукос, од Прилеп доаѓаат во атарот на село Степанци, каде што сечат дрва на диво.
Можеби ќе ве интересира: