Министерот Спасовски со апел да се празнува одговорно

Oliver Spasovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година.

Zito akcija 640x289px

За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските.

Agria

“Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера”, вели во новогодишното обраќање Спасовски.

Зад нас е уште една турбулентна година, првенствено предизвикана од продолженото дејство на коронавирусот кој, за жал, сѐ уште не го прогласи својот завршеток, подвлекува министерот, притоа наведувајќи дека ова беше и година кога го положивме демократскиот испит за зрелоста со успешно организираните Локални избори 2021, поставувајќи ја нашата држава на едно ново, повисоко ниво.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26366/amsm-so-informaczii-za-sostojbata-na-patishtata-vo-zemjava/