Министерство за здравство: Eпидемиолошката состојба е сериозна, учениците да ги следат препораките

Ministerstvo za zdravstvo
Ministerstvo za zdravstvo

Од Комисијата за заразни болести велат училиштата и учениците да ги почитуваат препораките и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата, апелира денеска Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

„Препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на почетокот на наставно-образовниот процес во оваа учебна година се темелат на анализи на актуелната епидемиолошка состојба и проекциите за можно влошување на состојбата со почетокот на есента“ се вели во соопштението.

Agria

Од таму велат дека најавите за бојкот на онлајн наставата и непочитување на протоколите е недозволиво и го отежнуваат целокупниот процес на справување со Ковид-19.

„Сите одлуки кои ги носи комисијата се интерес на заштита на здравјето на учениците, наставниците и родителите. Доследното почитување на мерките и протоколите во сите сфери, вклучително и образованието, може да придонесе состојбата со епидемијата што поскоро да се стабилизира. Стабилна епидемиолошка состојба ќе овозможи да се зголеми бројката на деца кои би ја следеле наставата со физичко присуство. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни“, велат од Министерствотто за здравство.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: