Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.
Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48, Велес – 41, Кичево– 35, Штип – 30, Гевгелија – 29, Охрид- 28, Кочани – 25, Радовиш – 24, Неготино – 21, Струга – 18, Гостивар – 17, Делчево – 14, Ресен -12, Крушево – 11, Струмица – 10, Пробиштип – 9, Свети Николе – 7, Македонски Брод – 5, Демир Капија – 4, Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2, Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, десет лица се целосно вакцинирани.
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.
Можеби ќе ве интересира: