Министрите на ЕУ денеска одлучуваат за датум за Македонија

Министрите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија денеска во 12 часот преку видеоконференција се очекува да расправаат и да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

Zito akcija 640x289px

И покрај дилемите кои се појавија од правен и организациски аспект за тоа дали Советот за општи работи (министрите за европски прашања) ќе може денеска да се состане, макар виртуелно, и да носи одлуки, сепак, според информациите од европските главни градови, денеска ќе има политичката одлука, која правно ќе се формализира утре со писмена процедура.

Agria
EU

Медиумите кои имале увид во нацрт-заклучоците што се очекува да ги усвои Советот за општи работи на ЕУ, јавуваат дека за Македонија се носи одлука за отворање на пристапните преговори и се предвидува безусловно свикување на првата меѓувладина конференција „што е можно побрзо“, веднаш откако Советот ќе ја утврди преговарачката рамка што треба да ја предложи Европската комисија.

За Албанија, ќе има одлука за отворање на процесот, но закажувањето на првата меѓувладина конференција е условено со исполнување серија задачи.

Овој пристап е компромисно решение со кое, од една страна, се задоволува инсистирањето на некои земји членки да нема одвојување на Северна Македонија и Албанија, а од друга, им се излегува во пресрет и на ставовите на Холандија и Данска кои сметаа(т) дека Тирана сè уште не е подготвена за суштинско отворање на процесот.