Министрите за здравство од Г7 на итна средба, повод е ширењето на „Омикрон“

koronavirus 02.04.2020

Министрите за здравство на земјите од Г7 денеска на состанок свикан итно од страна на британските власти ќе разговараат за ширењето на новиот сој Омикрон на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Лондон веќе најави мерки за борба против ширењето на Омикрон. Сите оние кои пристигнуваат во Велика Британија мора да направат ПЦР тест и да останат во карантин додека не бидат достапни резултатите.

Agria

Зараза со опасната варијанта на коронавирусот е потврдена кај 13 патници кои со два лета пристигнале од Јужна Африка во Холандија. Вирусот е потврден и во Белгија, Велика Британија, Германија, Италија и Чешка.

Во меѓувреме, Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди дека новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25418/danailovski-predlaga-makedonija-da-gi-zatvori-graniczite-na-nekolku-nedeli-za-da-se-uspori-invazijata-na-novata-varijanta/