
Градоначалникот на Кавадарци и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, е еден од првите луѓе кој побараа оставка од актуелниот лидер на партијата Христијан Мицскоски.
Тој во интервју за slobodenpecat отворено го коментира изборниот резултат на неговата партија, кој треба да сноси одговорност од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, слабата излезност на изборите….
Пред изборите во јавноста честопати се лицитираше со оставките на лидерите на двете партии на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ доколку еден од нив не издвојува победа. Гледаме дека од тоа нема ништо. Вие бевте еден од првите кој побара оставка од претседателот Христијан Мицскоски. Дали во него гледате вина изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ и дали очекувате тој да си замине од претседателската функција?
„Секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат. Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени“, вели Митко Јанчев за slobodenpecat.
Целото интервју на градоначалникот на Кавдарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, можете да го прочитате тука.
Можеби ќе ве интересира: