Големо изненадување приредија младинците ГРК Борец, совладувајќи го составот на Скопје 2020 во првото полуфинале од фајнл фор турнирот за титулата, кај генерација 2002 година, кој се игра во Велес. Мечот го одлучија пеналите откако во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 21:21.
Јунак на натпреварот беше голманот Таневски кој не прими ниту еден гол од пенал, додека ракометарите на Борец промашија само еден удар од седум метри.
Во финалето ќе се сретнат со подобриот тим од втората полуфинална двојка помеѓу Еурофарм Пелистер и Голден арт КЛ 7. Финалето ќе се одигра во 19 и 30 часот а натпреварот ќе го пренесуваме на фан страната на batali.net.
Можеби ќе ве интересира: