Нема веќе непоразени екипи во плеј аутот во Првата ракометна лига. Младите ракометари на Борец загубија на домашен терен од екипата на Текстилец со резултат 26 : 27.
Гостите од Штип одлично го отворија мечот и со цврста одбрана и прецизен напад, тотално го неутрализираа домаќинот, а со тоа се изборија за континуирано водство во првиот дел.
Првото израмнување на натпреварот се случи дури во 45 минута. Пресудно за исходот на мечот беше 51 минута, кога тројца ракометари на Борец добија исклучување. Тоа го искористија гостите и ја направија клучната разлика.
Најефикасни кај Борец беа Миленков со осум и Андовски со шест голови, додека кај екипата на Текстилец Петров постигна 10, а Попов седум погодоци.
Натпреварот може да го погледнете овде:
https://www.facebook.com/109675073947029/videos/146199204046174
Можеби ќе ве интересира: