МНР: Навремено ќе известиме за препораките и постапувањето за нашите државјани во Украина

ministerstvo za nadvoresni raboti MNR

Северна Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.

Zito akcija 640x289px

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија внимателно ги следи состојбите во и околу Украина и преку нашата Амбасада во Киев е во постојана комуникација со надлежните институции во земјата. Воедно, во рамки на Министерството за надворешни работи формирана е работна група што го следи развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина, како и одлуките на Европската унија и нашите пријателски земји во однос на актуелните случувања. Министерството за надворешни работи навремено ќе извести за евентуални препораки и насоки за постапување за нашите државјани, велат од МНР за Глас на Америка.

Agria

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата.

Северна Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Северна Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштениот на МНР.

Извор на веста: mk.voanews.com

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27172/oficzijalno-namalen-periodot-na-izolaczija/