Новиот член на Текстилец, Јован Атанасовски, имаше одлично деби за штипскиот тим во поразот од Младост со резултат 32:40, во Првата ракометна лига на Македонија. На овој натпревар тој постигна неверојатни 18 голови.
За клубот на Атанасовски ова беше 11-ти пораз во оваа натпреварувачка сезона и со денешниот пораз остана на 8. позиција на табелата која води во плеј-аутот на Првата ракометна лига.
Атанасовски и колегите во следното, 15 коло ќе гостуваат во Гевгелија кај Партизан 2016, кој моментално е седмопласиран.