МОН: Почнаа консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за спречување врсничко насилство

sostanok na ministerstvoto za obrazovanie so univerzitetski profesori
sostanok na ministerstvoto za obrazovanie so univerzitetski profesori

Министерството за образование и наука информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.

Zito akcija 640x289px

„На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор“, изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.

Agria

Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.

Како прва активност, иницирано е отворање на електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected]на албански јазик. Адресите се веќе активни и министерот најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

Во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, Педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН има конструктивна соработка со службите на МВР.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: