Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Велес

Soobrakajka

Вчера во 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Вера Циривири“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(61) од Велес и мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(21) од Велес, соопштија од МВР.

Zito akcija 640x289px

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес.

Agria

„Околу  15 часот на одделот за хирургија донесен е пациент  на 20 годишна возраст повреден во сообраќајна несреќа. Пациентот  се здобил со  површинска повреда на главата и  отворена скршеница на надлактица на едната рака, по извршен преглед од страна  дежурен лекар препратен е на ТОАРИЛУЦ Скопје за понатамошен третман и доиследување“ соопштија од Општата болница Велес .

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20740/grczija-sepak-ne-ja-otvori-graniczata/