Можни се нови рестрикции во Србија по зголемувањето на нови заразени со коронавирусот

Srbija-granica-1200x675
Srbija-granica-1200x675

Во новиот корона-бран Србија вчера надмина 5.000 нови инфекции на дневно ниво, со 23 смртни случаи и зголемување на бројот на хоспитализирани лица во последните 24 часа.

Zito akcija 640x289px

Поради новата состојба, здравствените власти можно е да воведат нови епидемиолошки мерки.

Agria

Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Џерлек, најави дека Кризниот штаб набргу ќе ѝ предложи на владата две нови мерки за борба против пандемијата на коронавирусот – воведување ковид-сертификати и намалување на бројот на луѓе на собири.

Во последните два месеца во Србија се одржаа неколку манифестации и спортски настани со голем број учесници – фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Собирот на трубачите во Гуча, „Пиво-фест“ во Белград и Европското првенство во одбојка за жени и квалификациите за СП против Луксембург.

Според денешните официјални податоци на српското Министерство за здравство, од 20.443 тестирани примероци, регистрирани се 5.069 нови случаи на инфекција.

Во болниците има 1.701 ковид-пациент, од кои 121 се на респиратор, за разлика од понеделникот кога во болниците имаше 1.479 пациенти и 108 на одделенијата за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата направени се 5.138.131 тест и регистрирани се 788.895 инфекции со коронавирус, а официјално се пријавени 7.421 смртен случај.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: