Мртво машко тело е пронајдено утрово во трло во атарот на село Војница, близу Велес. Починатиот го нашол сопственикот на трлото С.Т. од село Војница, кога околу 5:45 минути стигнал во трлото, кое се наоѓало во месноста викана „Клетовник“.
Сосптвеникот го препознал телото и во полиција пријавил дека тоа е 64-годишниот овчар од село Забрчани, од соседната општина Долнени, кој работел кај него.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство. Сепак, по увидот кој го направила велешката полиција, јавен обвинител издал наредба врз телото да се изврши обдукција, која треба да ја открие причината за смртта на 64-годишниот овчар.
Можеби ќе ве интересира: